Стефан Лазаров: Знам како е да немаш за леб, да немаш иднина

Стефан Лазаров е еден од нашите најпознати јутјубери кој активно снима видеа и подкасти, а неговата публика е многубројна.

Неодамна направи свадба со својата избраничка Марта со која биле во врска скоро седум години. Според видеото што го сподели од свадбата, но и од претходни моменти, се гледа дека Стефан е среќен со своето семејство, неговите родители го поддржуваат максимално, па за тоа зборуваше и во емисија.

– Тие се најдобрите луѓе што ги познавам, тие се заслужни за тоа што сум денеска ваков човек. За жал, немале многу среќа во животот, но јас сум дете кое видело како е да се нема.

Ние имаме изгубено и стан пред неколку години, се сеќавам мајка ми плачела, сме се гушкале, меѓутоа и во тие моменти сме биле заедно, сме поминале сито и решето заедно и затоа денес ми е најголем мотив да им вратам најмногу што можам и да им го направам животот полесен.

Знам како е да немаш пари, да немаш за леб, да немаш иднина, да немаш ништо, буквално си оставен сам на светот и секогаш ќе го одберам да го имам ова што сега го имам, вели Стефан.