Студенти од соседството направиле хаос во хотел во Охрид: Се огласија и нивни претставници

Во медиумите започна да се шири информацијата дека студенти од Србија и Хрватска додека биле на забава во хотел во Охрид, направиле „крш и лом“ во истиот.

Според информациите, на се’ претходела студентска прослава која излегла од контрола, на која воделе студенти од Хрватска. Имено, оваа година Охрид е домаќин на Дифовјада(присуствуваат студенти од ДИФ), каде што престојуваат голем број студенти.

– Имаше студенти од Загреб и студенти од Србија. Сепак, загрепските студенти беа агре сивни. Се се случи минатата недела.

Разбираме дека се работи за млади луѓе, но мора да има мерка, ни рече менаџерот на хотелот и додаде дека тие не ја зап алиле собата, туку го кинеле инвентарот – изјави за порталот управителот на објектот. „24.sata.hr“.

На снимката која кружи на социјалните мрежи, може да се види скршен инвентарот на хотелот, скршени прозорци, пивски шишиња на покривот, тоалет кој изгледа како да е запален. Наводно, студентите пале ле факели во соби и ходници.

– Имавме обезбедување кое ја смири ситуацијата, па полицијата не интервенираше. Хотелот функционира нормално и пристигнаа нови групи студенти. Се надеваме дека тоа нема да се повтори – соопштија од хотелот.

Многу сме изненадени. Имаме големи групи студенти кои доаѓаат да се дружат овде. Никогаш до сега немало проблем, вели управителот на хотел во Охрид, објект што го уништија студенти од Хрватска, кои заедно со во истиот туристички објект престојувале и нивните колеги од Србија.

Но, со изјава излегоа и од Студентскиот сојуз при Факултетот за кинезиологија од Загреб.

– На тој кат воопшто немаше студенти од Загреб, ни потврди менаџерот дека за таа просторија се виновни инсталациите и дека не е намерно запа лена.

Постојано бев некаде и не можам се да контролирам, но веднаш им пишав во групата да не прават проблеми“, изјавил Мартин Стојчевиќ, претседател на Студентскиот сојуз при Факултетот за кинезиологија.