Тетовчанец откако остана без два прста на рака бил набркан од работа, па јавно се пожали и следеше пресврт

Куштрим Имери, вработен во ЈКП Тетово завчера беше отпуштен од работа, но откако го објави оваа видео на социјалните мрежи, беше повторно повикан од ЈПК Тетово за да работи како чувар на паркот на оваа претпријатие.

-Јас сум Куштрим Имери, мене ме избркаа од работа, изгубив два прста, и ме избркаа од работа, ме избркаа од работа од ЈКП, изгубив два прста, и сега мене ме избркаа, сирот сиромашен, ја исков раката, тој говореше на видеото.

Во текот на денешниот ден ТВ21 се обиде да стапиме во контакт со Канцеларијата за односи со јавноста при општина Тетово и директорот на ЈПК, Даут Мемиши, но ниту од општината ниту од ЈПК не ни дадоа никакво објаснување за овој случај.

Куштрим Имери во телефонски разговор потврди дека по објавувањето на видеото тој повторно е повикан да работи како чувар кај ЈКП. Не сакаше да зборува пред камерата.

Целата сторија со видео прилог може да ја проследите на ТВ21