Трагедија во кочанско: Младо 29-годишно момче пронајдено мртво во дворно место

Уште една ужасна вест за немил настани ни пристига, а која за жал однесе уште еден млад живот.

Имено за истито информираа од МВР, а во соопштението се вели:

На 22.06.2023 година во 21.52 часот во СВР Штип било пријавено дека во с.Спанчево, кочанско, во дворното место од плац за земјоделски машини бил пронајден починат Н.С.(29) од с.Спанчево .

Смрт без видливи траги на насилство констатирал лекар од Итната медицинска помош.

Увид на местото бил извршен од екипа од ОВР Кочани, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.