Трагедија – на сaмо 24 години кај Тетово загина ќерката на екс албанскиот министер

Како што е познато, МВР соопшти дека вчера воо близина на селото Ласкарце, на патот Тетово-Скопје се случило фатална сообраќајна несреќа.

„На 28.11.2023 година, во 14 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот ‘Мајка Тереза’, во правец од Тетово кон Скопје, во реонот на с. Ласкарци, патничко возило ‘ауди’, со албански регистерски таблички, кое го управувал албанскиот државјанин В. М. (40), излетал од патот.

Од добиените повреди во незгодата на самото место починала сопатничката Е. Т. (24) од Р. Албанија, а лекар од итната медицинска помош констатирала смрт. Во меѓувреме, возачот В. М. е тешко повреден“, соопшти македонското МВР.

Младата девојка која вчера загина во сообраќајна несреќа кај Ласкарци е ќерка на поранешниот министер за здравство на Албанија, Вангело Таво.

Ева Таво загинала кога возилото во кое била сопатничка излетало од патот. Трагичната вест ја потврди Таво на социјалните мрежи.

„Ова се најтешките зборови што ги имам напишано во животот. Мојата најстара ќерка Ева почина во цутот на младоста, во најубава возраст, токму таква каква што беше. Погребот ќе се одржи во четврток, 30 ноември во 11 часот во Јоргукат“, напиша поранешниот министер.