Трагедија: Почина младиот македонски кик боксер кој беше наш репрезентативец

Јулија Костадиновска на својот фејсбук профил денес околу пладне сподели тажна вест во која вели:

-Почитувани пријатели, последната борба ја изгубивме. Утре, 10.03.2024 во 13.30 часот во капела 1 Бутел е последен поздрав со нашиот борец Марко.

Инаку Марко Тодоров беше македонски репрезентативец во кик бокс кој гордо го бранеше нашиот дрес на Европски и светски првенства.

Засега не се познати причините од кои настапила смрта. Вечна му слава.