Трајче од паланечко: Децата плачат од глад зашто некогаш и по пет дена немаат леб да јадат

Трајче Спасовски е роден и живее во планинското село П’клиште во Крива Паланка. Животот може да го раскаже само со два збора. Тежок и црн. Има 66 години, а тежината и маката вр себе ја чувствува цели пет децении. Се оженил со жена со посебни потреби и за жал му се раѓаат четири деца, од кои трите сина сите се деца со посебни потреби. Иак, како што вели ги носел на лекар ниту кај едниот не успеал да ја подобри состојбата. Децата останале неписмени и првите години живееле во планинската куќа отсечена од се и сите, додека тој работел во Скопје. И, можеби ова семејство немало да западне во толку длабока бездна доколку на Трајче пред многу години додека бил работоспособен не му ја скрателе шансата да замине во Германија. Оттогаш се враќа во селото и живееле од стоката.

Но, немаат среќа последните години ниту со неа. Стоката многу често ја фаќа болест и умира. Па сега имаат само неколку кози и една кобила која ја користат како превозно средств до Герман или Ранковце за да купат брашно за да се прехранат. Зашто во еден правец такси им е 500 денари, а автобус низ нивното село не поминува. И, по пет дена знаат да останат гладни и да не знаат што со себе. Тогаш Трајче излегува и моли по народот за да купи една вреќичка брашно за да ги задоволи стомаците на неговите болни синови. Куќата исто е во очајна состојба и пред распаѓање. Тече постојано и дува од сите страни. Мебелот стар и истрошен како да ја раскажува тешката судбина и секој прегладнет ден на ова семејство. Немаат ниту тоалет, ниту шпорет ниту машина за перење. Па, неможат да одржуваат ниту лична хигиена. А, се што сакаат е само топол оброк и мала помош околку скромните соби.

Трајче Спасовски е изнемоштен 66 годишен човек кој е роден и исраснат во паланечкото село П’клиште. Се оженил на 20 години и создал семејство од 4 деца. За жал, тројца од нив не се воопшто здрави и имаат ментална попреченост. Не е добро здравствено ниту спругата. Па, сиот терет низ животот – работа и создавање ќе падне само и единствено врз рамењата на овој човек. Тој долги години работел во Скопје и испраќал пари дома за да имаат децата и сопругата. Но, откако бил одбиен од заминувањето во Германија, како сиот свет да се руши за ова семесјтво. Па, Трајче се враќа во родниот крај и семејството живее од стока и само до 6000 денари нега од децата. Премалку за едно 5 члено семејство. И, како што вели и нивната мајка со тага децата немаат леб, па дури и вијат од глад!

-Тука сум роден во ова село. Сиот живот тука го поминав. Се оженив и создадов семесјтво не мислејќи дека трите сина ќе бидат со посебни потреби и болни. Како млад работев во Скопје и испраќав пари дома. Жена ми исто не беше толку болна. Но, откако требаше да заминам во германија, а не ме испратија од фрмата се разочарав и вратив во селово. И, веќе почна се да оди надолу. Не земам никаква помош. Живееме само со негата од децата. А, не сакам да им ги јадам нивните пари. Грев ми е. Со сто евра што попрво да купиме. Пет члена сме. Едно вреќиче брашно, зелје, компир, грав и отишле парите. Се здолжувам во продавница. Ама, веќе и од таму не ми даваат на вересија. Викаат ќе си платиш ако сакаш да земеш леб. И, враќам стар долг. Па се здолжувам повторно. Плус и во селово нема превоз. За до Ранковце или Герман каде е првата продавница мора да дадеме за такси 500 денари во еден правец. Или да пешачиме повеќе од еден час. Некогаш одиме и со кобилата. Многу тежок живот. Посебно да ги гледаш децата, кај болни па уште и да се мачат и вака да живеат. Жално е. -вели Трајче за Срце на дланка.

-Колку пат со денови не сме имале леб. Па децата се кубеле и од глад удирале во ѕид. Им се јаде, а, јас немам да им дадам- вели сопругата на Трајче.

Монотоно и тешко минува секојдневието на семејството Спасовски од П’клиште. Домот им се распаѓа. Собите се стари и додека сте во нив имате чувство дека после неколку часа и вие би се разболеле и станале како нив. Болка и тага се слуша низ ѕидовите додека вие замислувате како на нив им минуова едно секојдневие. И, животот! Затоа сам ќе посакаат да им се помогне со двете соби и покривот и да имаат храна за да можат да живеат.

-Куќата е многу стара. Еден ден реков ај да ги поправам ќерамидите и паднав од пет метри. Се тече кога врне. Внатре гледате какво е. Стари кревети се е од времето на моите родители. Ама што да правам. Викам, некако и ќе живат додека сум жив. Ама после мене што ќе прават незнам. Тие не се способни за сами да живеат. А, во вакви услови и зарем може да опстане некој-вели Трајче.

Некои луѓе своите битки ги водат во тишина. Не сакаат да бидат терет на другите, а и не сакаат другите да им се сладат на маките. Но, не можеме цело време да бидеме силни. Кога најмалку се надеваме токму тогаш најмногу можеме да се скршиме. Затоа понекогаш треба да најдеме начин да побараме помош и да се вратиме во рингот наречен живот и да се издигнеме над поразите.

Доколку сакате да помогнете на ова семесјтво тоа можете да го направите на телефнот на Трајче 070859589 или на неговата жиро сметка 240357113854154