Тргнала од Грција да си оди за Македонија, но и се губи секаква трага – блиските молат за помош

Пред неколку дена се крена голема драма за семејство од Србија кое се упатило на одмор во Тасос, Грција.

За среќа по еден ден фамилијата беше пронајдена, жива и здрава, а останале без телефонот па затоа не контактирале.

Ова попладне во фејсбук групите за одмор во Грција се појави уште еден загрижувачки и драматичен апел во кој се вели:

Ве молам за помош. Женава вчера на 09.08 е качена во 10 часот на автобус од Агростоли и упатена кон Фискарод.

Каде што требало да се качи на брод и упати кон Василики каде што таму ја чекаа, но се губи. Ако некој ја забележал секоја информација ми е од помош. Споделувајте.