Тренерот на Бутел, клуб во кој до последно играше Тот се огласи откако ги слушна пресудите – беше јасен

Пред неколку моменти судот во Скопје ги прогласи за виновни и ги осуди на високи затворски к азни обвинетите Анџело Ѓорѓиевски, Андрес Костовски и Климентина Левковска за упо којување на хрватскиот ракометар Денис Тот пред дискотеката „Привилиџ“ во Градскиот парк.

Првообвинетиот Анџело Ѓоргиевски осуден на 18 години зад решекти на иста е и Клементина Левковска, додека третообвинетиот Андреј Костовски доби нешто поблага, на 16 години

Судот исто така им наложи на осудените на родителите на Тот, да им платат износ од по 9 милиони денари, а на братот износ од 8 милиони денари во рок од 6 месеци по пресудата.

Судот исто така им го продолжи притворот се до правосилноста на пресудата, поради постоење опасност од бегство.

Сите тројца побараа поблага мерка притвор потенцирајќи дека не се обидувале да избегаат.

Откако ја дозна одлуката, на својот фејсбук профил се огласи тренеро на Бутел, Кристијан Грчевски кој беше краток и очигледно задоволен од она што одлучи судот и напиша – Браво.