Убавата Магдалена е една од ретките жени шофери на камион, со својот изглед плени по улиците

Камионџиството е професија која бара доста труд и која воопшто не е наивна, поминвајќи многу километри и голем дел од животот по патиштата и границите.

Најголем број од шоферите особено на големите камиони и шлепери се мажи, но има и исклучости, а еден такво пример претставува Магдалена.

Најмногу внимание во оваа приказна привлече младата Магдалена Павловиќ (23) која како единствена припадничка на понежниот пол минува низ улиците.

– Пред пет години основавме семеен бизнис во кој работиме татко ми, мајка ми, брат ми и јас. Возачката дозвола ја добив пред шест години и од почетокот возам камиони.

– Најдалечната точка што сум ја возела е Португалија. Секоја година излегуваме со неколку наши возила на традиционалното божиќно возење во Чачак,

– Целиот овој настан е навистина неверојатен – вели Магдалена, која покрај семејниот бизнис студира и на два факултети.

Божиќното возење е стар српски обичај кој се практикува уште од античко време. Жителите на западна Србија отсекогаш се собирале на плоштадите во градовите и населбите за да го прослават големиот христијански празник.

Порано во колоната оделе кочии и коњи, но иако времињата и превозните средства се сменија, поентата останува иста непроменета.

– Таа традиција е зачувана, мештаните сè уште имаат обичај токму на овој ден да се сретнат, да се прошетаат и, според народното верување, да започнат некоја работа.

Секој доаѓа со тоа што го има, трактор, коњи, мотор, па дури и косилка претставува дел од манифестацијата, вели оваа млада дама.