Утринава драма во кочанско: Малолетно момче се обидело да се самоубие

Утрово во кочанско Соколарци се одвивала вистинска драма која на крај за среќа завршила добро.

Имено малолетно момче кое било 9-то оделени наместо да замине на училиште, посегнало по својот живот.

Неофицијално момчето сакало да скокне од височина, но за среќа службите го спречиле навреме и го одвратиле од намерата.

На лице место биле присутни МВР, Брза помош и ТППЕ Кочани.

Во текот на денот се очекува надлежните да се огласат и со официјална изјава за настанот.