(ФОТО) Антониа Гиговска вечерва прави свадба -блесна како никогаш досега

Познатата македонска пејачка Антониа Гиговска денеска конечно го облече невестинскиот фустан и официјално му стана сопруга на Роберт.

Откако пред повеќе од една година Антониа Гиговска откри дека е бремена и дека нејзиниот партнер Роберт Спасенцовски – Џокер ја запросил, парот одлучи да направи свадба.

Парот очигледно не сакал да сподели информации за свадбата и се уште нема фотографии кај нив, но сепак во јавноста се појавија сцени од свадбената церемонија.

Тие направија венчавка а свадбената прослава ја прават во ресторан Рагуза во Скопје. Антониа како и секогаш преубаво изгледа, а во венчаницата е вистинска принцеза.

На дел од фотографиите може да се забележи и нивното синче Киан качено на рамења на неговиот татко.