(ФОТО) Борко ептен креативно го истрола Кире вечерва

Македонската ракометната репрезентација на Македонија доживеја елиминација по групите на Светското првенство кое се игра во Полска и Шведска.

Сега, нашиот национален тим ќе игра во Президент купот во Плоцк, во разигрување за места. За пласман понатаму беше потребна една победа, меѓутоа момците на Лазаров трипати загубија од Норвешка, Холандија и Аргентина.

Поразителен податок за Македонија е фактот дека е единствена европска селекција која не се пласираше во главната фаза на Мундијалот. Последните места во осумте групи носат пласман во Президент купот, каде што само ние ќе бидеме европјани.

Разигрувањето во Президент Купот започнува в четврток, а Македонија игра со Алжир, Мароко и Тунис.

Пред стартот на СП веќе поранешниот македонски ракометен репрезентативец Борко Ристовски даде една изјава која привлече големо внимание.

„Не веќе во водите на спортистот каде што домиинираше сега малку мислам дека отиде во длабокото без да си ги земе мускулите и допрва ќе има проблеми во тој дел“.

И овојпат Борко не пропушти прилика да го пецне некогашниот свој соиграч од националнио тим, па на својот профил на Инстаграм сподели комично видео од турчинот Коксал Баба со мускули на раците како оди крај базен.