ФОТО: Во едно од најпосетуваните туристички центри на Македонците, тоалетната хартија чини 1500 денари

Во тек се новогдишните и божиќни празници, период од година во кој поминуваме повеќе време со семејството или го користиме за одмор.

Многумина го искористија овој период да прошетаат до некој околини држави, или подалечни дестинации, или пак овде во Македонија.

Моментално едни од најпосетуваните туристички места се Боровец, Банско во Бугарија, како и Златибор и Копаоник во Србија.

Токму Златибор е место каде што многу нашинци се одлучуваат да го поминат зимскиот одбор, а од таму доаѓаат и доста зачудувачки информации.

Претходната 2022 година ја одбележаа различни поскапувања, а она што е најинтересно на мрежите е секако поскапувањето – тоалетната хартија.

Овој артикл за една година поскапе од 11 на 122 отсто, во зависност од квалитетот, производителот и пакувањето, секако и местото.

А цената е секако повисока во малите продавници и на некои места кои имаат добри локации. Така на Тик Ток се појави видео на кое се гледа дека пакување хартија во Златибор чини дури 1.499 динари.

Се работи за пакување од 16 ролни. Но, тоа не е воопшто ниска цена со оглед на тоа што цената за ролна е 93,68 динари.

Сето ова предизвика лавина коментари и негодување кај посетителите, помеѓу кој и Македонците, кој се изненадени од последните случувања.