(ФОТО) Гавазова и Велевска објавија заедничка фотографија – и двете со деколте боли глава

Без сомнение, Сузана Гавазова и Елена Велевска дефинитивно важат за можеби најпопуларните, но и најатрактивните, најзгодните и македонски фолк пејачки последниве години.

Но, годиниве наназад, за нив исто така во медиумите често можевме да прочитаме дека двете фолкерки воопшто не се во добри односи. Секој медиум имаше своја приказна, секоја од нив своја страна и видување на истата, а публиката остана самата да го извлече својот заклучок.

Есента 2018 година, Велевска во едно свое интервју за еден естраден ТВ магазин, изјави дека со колешката Сузана Гавазова не се најдобри односи, но и дека на некој начин секогаш ќе бидат ривалки бидејќи се во иста професија.

Велевска во интервјуто истакна дека со нејзината колешка „се скарале“ бидејќи требало заедно да снимаат дует. Меѓутоа, Елена трипати била во студиото за да го сними својот дел, Гавазова не се појавила.

Од друга страна на приказната, нејзината колешка Сузана во интервју за истоимениот магазин истакна дека едноставно не се погодиле со термините.

Меѓутоа сето тоа е минато и тие сега одлично си живеат, а доказ за тоа се последните заеднички фотографии кои ги објавија.

Она што на прва влегува во очи секако се деколтеата и на двете пејачки, кое од кое пораскошно.