(ФОТО) Голем пожар во струмичко – се гаси со 5 противпожарни возила и 15 пожарникари

Почетокот на месец авгус во Македонија донесе бројни пожари на отворено, од помал и поголем карактер.

За еден таков информира ТППЕ Струмица кои се уште се на терен, а првичните детали велат:

Денес, (петок) 04.08.2023 година во 12.45 часот, во атарот на с.Костурино ТППЕ Струмица со 5 ПП возила и 15 пожарникари – спасители интервенираше на гасење на запалено стрниште, нискостеблеста шума и стари гуми.

Пожарот беше во разгорена фаза при што е спречено негово натамошно ширење кон околната шума.

Екипите се сеуште на терен и работат на негово целосно ликвидирање. Причинета е значителна материјална штета.