(ФОТО) Грчки националисти го нападнаа домот и автомобилот на Архимандритот Никодим Царкњас

Архимандритот Никодим Царкњас е македонски монах и поборник за македонскиот народ во Егејска Македонија.

Со својата упорна и посветена борба за признавање на правото на сопствен јазик и црква на Македонците во Егејска Македонија, Отец Никодим Царкњас е една од водечките фигури и симбол на движењето на Македонците од Егејска Македонија за остварување на националните и политичките права.

Стилианос Самартзис на својот фејсбук профил сподели објава во која што се вели:

Во домот на Архимандритот Никодим Царкњас…Грчки националисти му фрлија јајца на автомобилот и му напишале на бетонскиот под ЕЛЛАС.

Камења на прозорците..До кога теророт врз 81 годишен старец ќе продолжи?