(ФОТО) Да не беа дивите свињи, штипјанецот Мите ќе земеше и 5.000 евра од бостанот – се му е тотално уништено

Понекогаш вложуваме се што можеме за да го оствариме тоа што го сакаме, но едноставно некои надворешни фактори не ни дозволуваат. Диви свињи тотално го уништија бостанот на штипјанецот Мите Костов, на неговиот имот помегу некогасшниот воен магацин и месноста Плуждино кај Штип.

– Оваа година од 8 декара не можам да земам две пензии, сега како што ги изедоа. Јас сметав од овие 8 декари најмалку пет илјади евра пари да земам. Сега е тотално уништено, вели Мите за Телевизија Стар.

Годинава е втор пат, како дивите свињи го уништија трудот на Костов, поради што тој на нивата стражари по 24 часа на ден.Лани бил видно исплашен од големото крдо кое буквално во стампедо ги уништило лубениците на Мите.

– Не ги видов, преку 30 комада беа, имав и куче врзано доле, до кучето јадеа не се плашеа од кучето воопшто, додава Костов.

Конечно, оваа година упорниот 85 годишен земјоделец нашол начин како да се спаси од дивите животни и барем нешто да сочува од родот.

– Една вечер останав со кучката таму, седнав и едно време околу 2 часот идат оддолу. Кучката ги осети и почна нагло да лае, јас ги спремав петардите, запалив една – две, три, и кога почнаа да бегат по шумата надолу, ќе речеш војска бега. После пет дена пак дојдоа, објаснува Мите.

Освен кај Костов, диви свињи,лисици и глодари годинава секојдневно има и во атарот на селото Лакавица од каде земјоделци исто така се жалат. Целиот ТВ прилог може да го проследите на Телевизија Стар.