(ФОТО) Екс министерот Филипче ужива во семејната идила

Човекот кој во изминатите години го гледавме постојано во јавноста полека на многумина започна да им недостига откако се повлече од јавната функција.

Станува збор за поранешниот министер за здравство Венко Филипче кој дипломирал на медицинскиот факултет во Скопје во 2001 година, а во 2008 ја завршил специјализацијата по неврохирургија.

Во текот на својата работа се усовршувал во неврохируршки центри во Грац, Белград, Дејтон, Колумбус, Истанбул, Цирих.

Освен тоа Филипче сега има повеќе време и за своето семејство и саканите, а пред се тука се мисли на својот син Иво.

Вчеравечер Венко Филипче сподели фотографија на која е во прегратка со неговото најголемо богатство, па напиша: Се забавуваме.