(ФОТО) Е сега се сме виделе: Александар покажа што нашал во песокот на плажата во Грција

Туристичката сезона, онаа летната веќе е во полн ек, а секојдневно ни пристигаат интересни моменти од плажите кои се споделуваат на социјалните мрежи.

Па така некој изгубил вештачки заби кои завршиле во море или песок, а потоа и на Фејсбук.

„Кој ги загубил забите на плажа. Се наоѓаат во полициската станица во Никита“ напишал Александар.

Тоа, сепак, не го спречи мнозинството да се смее на туѓата несреќа и да објави десетици коментари, а ние избравме неколку од најсмешните.

– Значи, летово нема изгубени бурми, само заби.

– Видовме како се губат секакви работи, но ова е најважното.

-Колку пиво треба да испиете пред да сфатите дека ви паѓаат забите?

– Ќе јаде само чорби.

– Дали таа личност навистина има храброст да оди да ги земе тие заби сега?