(ФОТО) Жените одлепија по продавач на крофни во Паралија, но ни мажите не останаа со празни раце

Каде има одмор, има море, каде што има море, има плажа, а каде има плажа, има продавачи на крофни. Со шеќер, џем или чоколадо, децата обично не можат да одолеат на вкусните крофни, но поради еден господин, ниту Србинките не можеа да одолеат на нивниот вкус.

Имено, Силвана Којиќ Поповиќ летуваше во Паралија, а на социјалната мрежа „Фејсбук“ го сподели своето пријатно искуство со продавачот на крофни, кој, како што тврди, е најљубезен од сите.

– Бев во Грција на одмор, поточно во Паралија – ја започнува приказната за Телеграф.рс Силвана Којиќ Поповиќ.

Како што вели, плажите во Катерини се преполни со продавачи на крофни, но никој не е толку љубезен и насмеан како господинот на фотографијата.

– Неговите крофни се толку свежи и вкусни. До тој господин оди неговата занесна сопруга, па мажите купуваат поради неговата сопруга, а жените поради самиот продавач – истакнува таа.

На прашањето како дошле до договор, Силвана одговорила: Зборувавме англиски, германски и малку српски.