(ФОТО) Зоран Ванев: Со намера дојдов во Австралија

Зоран Ванев кој по потекло е од Штип беше редовен на настапи кај нас, но и во соседна Србија се до 2011 година. Потоа со семејството се реши да се спакува и да се пресели во Швајцарија.

Иако беше роден за на сцена и беше еден од ретките пејачи што успеа да направи кариера и во соседството, Ванев сепак во еден момент реши да ја промени професијата.

Зоран Ванев, кого го знаеме како изведувач на низа песни кои станаа хитови, као „Ангела, Ангела“, веќе неколку години наназад е еден од најбараните доктори за природна медицина во Швајцарија.

Неговата клиника во Цирих станала место кое што го посетуваат луѓе од целиот свет, и тој вели дека воопшто не жали што микрофонот го заменил за белиот лекарски мантил.

Иако е доста посветен на новата професија, сепак, Ванев не ја заборава ниту музиката. Во ноември минатата година промовираше видео запис за новата песна „Одакле си лепа селе“.

Покрај тоа, Зоран Ванев очигледно се враќа и на музичката сцена откако на социјалните мрежи сподели дека месецов ќе одржи австралиска тура.

Имено, закажани се настапи на 25ти и 27ми јануари во Мелбурн и Сиднеј во два ноќни клуба. Зоран Ванев ќе биде специјален гостин задолжен за балканска музика.

А овојпат, Ванев се пријави од далечната Австралија и на неговиот Инстаграм профил сподели фотографии од Сиднеј за коишто напиша: Со намера дојдов во големиот град