(ФОТО) Игор Џамбазов започна нов бизнис – парче 20 евра

Игор Џамбазов со оправдание го носи епитетот на еден од најдобрите и најпознати Македонци, човек со неколку професии кој нема кој не го знае.

Пред се шоумен, македонски глумец, забавувач, ТВ-водител, музичар, писател, режисер на музички спотови и текстописец – тоа е единствениот Игор Џамбазов.

Тој постојано знае да привлече внимание во јавноста, пред се со своите објави на социјалните мрежи.

Овојпат ако се суди според последната денешна објава на Инстаграм, маестро Џамбазов започна нов бизнис.

А истиот е продажба на свои персонализирани маички, кои ги објави и притоа напиша:

Точно на време за летото што конечно дојде.Нарачки на dzambazovyomacedonia@gmail.com Цена 1200…врвен квалитет.
100 проценти органски памук. Плаќање при достава, во рок од 3 дена.