(ФОТО) Ирена Спасовска како Лепа Брена – едно нешто и двете ги спојува

Mакедонската фолк пејачка Ирена Спасовска ужива во секој ден од животот, а доказ за тоа се фотографиите и видеата на нејзините социјални мрежи.

На македонската музичка сцена е присутна повеќе од 30 години, нејзината кариера започнала уште од далечната 1989 година, па може да се каже дека Ирена има свое реноме во фолк-музиката.

Пејачката Лепа Брена неодамна ја тестираше издржливоста на своите хулахопки „Lady B“ и со вирално видео предизвика голем интерес на социјалните мрежи.

Имено, Брена сакала да покаже дека нејзините чорапи се непробојни, односно дека не се лесни за кинење – а за потребите на својот експеримент земала ананас и го пикала во хулахопките.

Потоа го пуштила ананасот да виси во чорапот, а потоа почнала да ги врти чорапите во круг.

Видеото брзо стана вирално на социјалните мрежи, а луѓето не престануваат да се шегуваат на сметка на Брена, но се воодушевени и од издржливоста на нејзиниот производ.

Слично на Брена и нашата пејачка Ирена Спасовска заопочна да рекламира модел на хулахопки за кои што меѓу другото напиша:

Драги пријателки.Сакам со вас да споделам еден проблем и едно решение за истиот.Поради природата на мојата работа почнав да чувствувам отежнатост во нозете.

Секако Веднаш се консултирав со доктор специјалист кој ми кажа дека е тој проблем се јавува кај над 30% од луѓето. Причина за тоа е внатрешната промена на вените,а таа се појавува како последица на долгото стоење и носење високи потпетици.

Едно од најефикасните решенија е носењето на чорапи или хулахопки со градуирана компресија.