(ФОТО) Ирена Спасовска се јави од вода: Со оглед на тоа дека ми се живее, строго ги почитувам границите

Иренче, поточно македонската фолк пејачка Ирена Спасовска ужива во секој ден од животот, а доказ за тоа се фотографиите и видеата на нејзините социјални мрежи.

На македонската музичка сцена е присутна повеќе од 30 години, нејзината кариера започнала уште од далечната 1989 година, па може да се каже дека Ирена има свое реноме во фолк-музиката.

Ирена ужива да патува, а често посетува егзотични места за време на летото. На почетокот на летото Спасовска веќе е на одмор.

Спасовска летниот период го минува во се попознатата дестинација за одмор на Македонците – Тунис од каде што сподели видео и говор до јавноста:

Се наоѓам на едно од најубавите мориња Средоземното Море со беспрекорно чиста вода и бисерно бел песок. Еве како што можете да видите е прекрасно, може да има и понекоја безопасна медуза, но она што е најбитно – нема ајкули.

Барем не на оваа длабочина каде што сум јас. Со оглед на тоа дека ми се живее, строго ги почитувам границите и не се оддалечувам бидејќи никогаш не се знае. Сепак е ова живеалиште на морскиот свет