(ФОТО) Македонската пејачка во Ѕвездите на Гранд ја прогласија за двојничка на Ким Кардашијан – има и зошто

Поранешната учесничка на „Ѕвезда Гранда“ Марија Грувеска го доби статусот „најдобар задник во шоуто“ поради што многумина ја нарекуваа македонската Ким Кардашијан.

За време на топлите летни денови таа блескаше и ги запа ли социјалните мрежи со фотографии во костим за капење, а тоа и успеа и сега иако објави фотографија на која е закопчана до грло.

Имено, Груевска позираше со грбот кон објективот, а во преден план ја истакна својата извајана позадина и со тој потег предизвика лавина коментари, особено од припадниците на посилниот пол кои не можеа да одолеат да и дадат комплименти за нејзиниот физички изглед.

Покрај убавиот изглед, Груевска привлече големо внимание и со своите неверојатни трамформации во „Ѕвезде Гранда“, а публиката ја награди со доделување на титулата за најекст равагантна натпреварувачка досега.

Таа не престана да ги изненадува жирито и публиката со своите настапи во смели и пров окативни комбинации.

Да потсетиме, Марија неодамна го кажа судбоносното „да“ на својот избраник и долгогодишниот дечко Синиша, а за нивната венчавка се уште се зборува.

Пејачката подготви вистинска бајка за нејзиниот најважен ден и стана рекордерка откако свадбената прослава траеше неверојатни 72 часа.