(ФОТО) Македонската пејачка го предизвикува Ѓоковиќ: Дали си подготвен

Младата македонска музичка ѕвезда Антониа Гиговска храбро чекори по патот на музичката слава.

Гласот, харизмата, но и специфичниот стајлинг пленат каде и да се појави, а настапи има премногу.

Се чини како младата мајка воопшто да не родила судејќи по нејзината вита става која очигледно ја одржува вежбајќи во теретана, но и хранејќи се здраво.

Не поминува ден а Гиговска да не сподели некоја нејзина фотка на социјалните мрежи, а чести се и фотосесиите кои ги прави.

Така овојпат имаше фотосесија на тениско игралиште со рекет во рака, па по тој повод го означи Новак Џоковиќ и напиша: ЏокерНоле дали си подготвен?