(ФОТО) Македонската пејачка заблеска во невестински фустан – запеа на сопствената свадба

Изминатиов период актуелно на социјалните медиуми е тоа што македонската фолк пејачка Сања Сани Гроздановска кажа да и официјално се регистрираше со третиот брачен партнер Никола Урдаревиќ.

Различна по многу нешта, со единствена харизма и ореол, без влакна на јазикот, со неодолив шарм. Едноставно со Сани нема утка, забавата е загарантирана, но не само на нејзините настапи.

Кога станува збор за македонска фолкерка Сања Сани Гроздановска многу нешта се оддамна познати, меѓудругото дека по потекло е родена кумановка, со адреса на живеење во Скопје.

– Нешто што не оди подобро да се прекине додека е време или како што велат подобро е да спречиш отколку да лечиш. Јас сум од тие што не сакат да пијат лекови па спречив на време вели Сани за веќе вториот брак зад нејзе.

– Сега сум најсилна во цел мој живот и ќе газам со нови песни и турнеи. Ги заборавив двата браќа веќе се спремам за трет, раскажа во една прилика познатата фолкерка.

Сани си го исполни кажаното па така се омажи и по третпат. За неа ова е најубавиот период од животот кој заедно со двете ќеркички најчесто го минува во Швајцарија кај сопругот.

Пред некој ден Сани и Никола удрија потпис и ја официјализираа врската. Сани направи моминска вечер, а синоќа ја направија и свадбената прослава заедно со најблиските.

Сани беше облечена во кратка венчаница надополнета со пердуваести украси, а запеа и самата на првиот свадбен танц.