(ФОТО) Македонската пејачка заврши во прегратка на славниот Буфон

Славниот италијански голамн Џиџи Буфон летово реши да стави крај на својата погата кариера. Веднаш доби улога во селекцијата на Италија во стручниот штаб, па прво гостување во новата улога му беше во Скопје.

Истото нема по добро да го памети со оглед на тоа што Македонија одново за „азурите“ беше непремостлива пречка и мечот заврши 1-1.

Пред средбата химните на двете селекции беа изведени во живо, а многумина се прашуваат која беше пејачката.

Станува збор за пејачка од новата генерација, младата 23- година Барбара Поповиќ која својата музичка кариера ја започнала од 6 години.

На возраст од 6 до 10 години учествува на реномираниот детски фестивал Супер Ѕвезда со песната „Бонџорно“ напишана од Калиопи и со други песни. овој фестивал продолжила да настапува до 10 годишна возраст, со други песни напишани од Јован Јованов, Дарко Димитров и Драган Мијалковски.

На 30 ноември 2013 година Поповиќ ја претставила Македонија на европскиот музички фестивал Детски избор за песна на Евровизија со песната „Охрид и музика“ и го освои последното место. По кратка пауза, се вратила на сцената на Макфест 2018, настапувајќи со песната “Не си ти крив.

Пред мечот со Италија Барба не се одвојуваше од Буфон, па направи неколку заеднички фотографии.