(ФОТО) Македонските музички ѕвезди жнеат пари – летаа банкноти во различни девизи

Според многумина летото е најубав период за секакви прослави и веселби, но и викенд излегувања. Особено затоа што се враќаат и гастарбајтерите кои на музичарите оставаат „девизен“ бакшиш.

Сите ќе се согласиме дека од македонската музика поубава нема, но нашите изведувачи знаат многу добро да ги скоцкаат српските турбофолк песни и да направат журки за паметење.

Македонската фолкерка Марија Тодоровска или попозната како Марија Луиса во последно време станува се попопуларна и медиумски се поекспонирана.

Згодната битолчанка е фолк пејачка која на пошироката јавност и стана позната не по своите хитови туку по нешто сосема друго – нејзиниот изглед.

Не е тајна дека Марија зема огромен бакшиш на секој нејзин настап, а истите ги има скоро секојдневно. Во изминатиов период Марија пееше заедно со легендарниот Цаки Кисми, а од она што го споделија на социјалните мрежи, атмосферата била за паметење.

Она што најмногу паѓа во очи е огромната сума на бакшиш која сигурно била уште поголема од она што може да се види. Имено, иМарија и Цаки и нивниот колега се опсипани со банкноти од различни девизи што значи дека убаво се „опариле“ од еден настап.