(ФОТО) Миленикот на женската публика Здравко Чолиќ мораше да го прекине концертот – многумина останаа без зборови

Здравко Чолиќ синоќа како што вети го дигна на нозе цел Задар. Во целосно распродадената најголема спортска сала во Задар, неговото музичко патување траеше повеќе од три часа, во кое изведе дури 46 песни од својата богата кариера.

Тоа беше неговиот најдолг концерт кој го памети затоа што публиката, скандирајќи и навивајќи, буквално не му дозволи да се симне од сцената.

Од првите редови ги доби легендарните рози и многу други цвеќиња, а кога во еден момент на главата му долетал градник од една дама, морал да престане да пее на некое време – поради смеење.

Не треба да не чуди, бидејќи одамна е познат како голем миленик на жените, па го испеа овој концерт по повод Денот на жената.

Мајки, ќерки, баби; можеше да се види дури три генерации во публиката како уживаат во безвременските хитови на својот идол, а особено трогателна беше атмосферата кога тој ги испеа баладите „Една зима со Кристина“ и „Свадбарски сокак“, кога многу обожаватели на Чола плачеа.

– Не ја чувствуваш тежината на годините, коските или мускулите кога пред тебе има илјадници луѓе споени со тебе, во истата вибрација.

Не верувам дека постои некоја работа во животот што делува како еликсир на младоста како пеење пред публика – изјави Чолиќ пред концертот, а кога магичната ноќ во Задар заврши со познатата песна „Ти си во мојата крв“, накратко изјави:

„Честа, довербата и љубовта што ги доживеав вечерва од задарската публика, нивните весели, блескави лица, како и нивната неисцрпна енергија никогаш нема да избледат од албумот со моите омилени животни спомени“.