(ФОТО) Му беше кум – познатиот македонски спортист објави фотка со Тоше направена неколку дена пред да загине

Никогаш заборав. Иако веќе со години физички не е помеѓу нас, Тодор Тоше Проески и понатаму живее во нашите срца, а неговите песни се вртат и непрекинато се слушаат.

Беше еден од најзпонатите македонски поп-пејач и една од најголемите ѕвезди на балканската музичка сцена, каде што е доживуван како заштитен знак на Македонија.

Во многу прилики Тоше гордо знаеше да потенцира дека доаѓа од Крушево, Македонија, родното место каде што поминуваше време секогаш кога ќе пронајде и да се дружи со своите блиски и сакани.

Еден од попознатите крушевчани е и Ѓорѓи Ицоски, некогашен македонски биатлонец и крос-кантри скијач.

Денес Ицоски на својот фејсбук профил сподели заеднички спомен со Тоше Проески, одоносно фотографија направена само неколку ден апред да не напушти.

Ех Куме, Последна слика направена на 12.10.2007. Секогаш во нашите срца.