(ФОТО) Наум Петрески се пофали како се гоштева – лиги да ви потечат од тоа што го јаде

Наум Петрески е еден од најпознатите македонски пејачи на народна музика. Човек кој отпеал многу антологиски хитови и кој секогаш знае да биде актуелен и интересен за јавноста.

Тој често без „влакна на јазикот“ знае да критикува за ситуацијата во државата, како на музичката сцена, така и во целокупното опшество.

За Наум е познато дека е страствен риболовец, хоби кое и тоа како го практикува и негову веќе со години наназад.

Притоа е и одличен гурман, па на социјалните мрежи често може да се пофали како ужива во деликатеси од риба.

Така беше и овојпат, кога последователно на фејсбук објави како дегустира јагула, а и струшки кленчиња. Едноставно лиги да ви потечат.