(ФОТО) На Антониа Гиговска ѝ се плаче и се покаја: Кажа што не требало да јаде утрово

Антонија Гиговска е едно од младите музички имиња на македонската сцена која штотуку ја почнува својата музичка кариера и е меѓу омилените кај младата популација.

Гиговска е победничка на музичкиот фестивал „Макфест 2018“. Со нумерата „Никогаш не вели никогаш“ и 30 освоени гласови таа го освои првото место на реномираниот фестивал.

Истата година беше избрана за придружен вокал на групата Eye Cue која ја претстави Македонија на Евровизија 2018 и придружен вокал на Тамара Тодевска на Евровизија 2019.

Со своите емотивни изведби за време на музичкото натпреварување „Пинкови ѕвездички“, никој не оставаше рамнодушен и секоја нејзина изведба брои многу прегледи на Јутјуб.

Антониа, освен што изгледа феноменално, може да се пофали со уникатни вокални способности, а симпатиите на Балканот ги освои откако беше дел од музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“.

Младата пејачка незапирливо ја продолжува својата музичка кариера. Секогаш е стилизирана, инспиративна за своите фанови, но и активна на Инстаграм, каде брои над 100.000 следбеници.

Во изминатите денови таа беше доста активна на социјалните мрежи и во медиумите од две причини.

Првата откако објави дека е во блажена состојба и дека рекла да на своето момче, а втората е новиот дует со Пајак Хабиб кој што е мошне слушан.

Гиговска и понатаму е активна на социјалните мрежи каде што објави фотка која помалку ги загрижи нејзините фанови, а на истата стои порака:

Не требаше да јадам бурек сабајле – со емоција која симболизира плачење