(ФОТО) Нема веќе македонска салата – Диме го сподели новото име доколку сакате да нарачате во стара чаршија

На социјалната мрежа Фејсбук се појави статус со фискална сметка од страна на извесен Диме Ратајкоски кој напиша:

Под чинарот ручече… Ќебапчилница „Пчела“. Стара Скопска чаршија. – Дечко! И салата една ќе ни донесеш! Каква имате?

– Имаме Шопска, Национална и (не му текнува) Грчка… – Каква ви е таа НАЦИОНАЛНА салата? – го прашуваме.

– Таа со пиперка што беше! – збунето ни одговара. – Мислиш МАКЕДОНСКА!

– Да! Порано македонска што ја викаа?! – Аха… Од мене толку…