(ФОТО) Никола Груевски вечерва извади и објави 145 фотографии од својата архива, па пак згрме

Поранешниот премиер Никола Груевски се огласи на фејсбук каде во дел од објавата стои:

Неспособна власт која е за мајтап се подбива со власта чии успеси никогаш нема да ги достигне. Изминатите денови во еден ист ден премиерот Ковачевски и неговиот партиски портпарол во некоја дневна расправија со актуелниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, кажаа дека тој, исто како и јас како негов претходник, измислувал светски заговори и специјални непријатели на Македонија.

Не навлегувајќи во дневните дебати и препукувања помеѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и нивните актуелни челници и преставници, а имајќи во предвид дека оваа тема проширена со тоа дека јас сум ја изолирал земјата е една од многу пати повторуваните лажни тези и обвинувања упатени кон мене во последните не само 6, туку можреби и 10 години, нешто што најчесто го игнорирав бидејќи сметав дека е очигледна невистина, решив сега барем еднаш да го коментирам.

I. Мојот прв дел од одговорот е дека со оваа теза тие всушност сакаат да си ги покријат грешките и преголемите остапки во договорите со Грција и Бугарија заради кои гневот на мнозинството граѓани е сеуште голем.

Нивната теза не е дека Грција и Бугарија имале некаква вина што не ја натерале владата на Заев да потпише нешто што не го потпишаа ниту еден од поранешните премиери и влади, туку дека вината е кај мене и кај нас како влада која ја предводев што не сме сакале уште пред 15-16 години да потпишеме тоа што тие во 2019 година го потпишаа.

Во ред, разбирам дека СДСМ мора да се брани, колку и да тешко се бранат некои одлуки, мора да бара некакво оправдување, нешто да кажат, па макар и да излажат.

Но, индиректно фрлајќи ја вината кај македонските влади, поточно кај мене и владата која ја предводев, бидејќи сите други поранешни премиери се дел од нивниот табор сега, па не сакаат со нив да се конфронтираат, и амнестирајки ги преку не споменување нашите два соседа, не ми прави мене никаква штета, но од себе во очите на народот кој размислува со сопствена глава, во најдобар случај прават да личат на кловновни, а во нешто полоша варијанта на луѓе кои работат за туѓи интереси.

II) Вториот дел од мојот одговор е практично одговор на едно многу едноставно прашање а тоа е дали е можно да сме измислувале светски заговори, специјални непријатели и да сме ја изолирале земјата, кога надворешно-политички таа политичка гарнитура била најактивна и се борела со сериозни аргументи, колку и да не успеала во тоа?

Ова може да се види најмалку од десетина случувања во тој период. Секако имаше и слабости и грешки, но кога тие слабости и грешки ќе ги споредиме со таквите кои дојдоа по превратот во 2017 година, тие и не личат толку на грешки.

Еве неколку непобитни факти дека не само што не станувало збор за влада која ја изолирала земајата и измислувала специјални непријатели и заговори, туку Македонија имала супер активна и ефикасна влада по однос на стратешките прашања.

1. Во тој мандат во првите две години (2006-2008)години за мошне кус период се исполнија сите зададени услови од НАТО за земјата да се квалификува да биде предложена за добивање покана за членство во НАТО на самитот во Букурешт во април 2008 година, услови кои претходно со години претходните влади неможеле да ги исполнат и кои се однесуваа на пет области.

Како резултат на тоа, ден пред одржување на самитот на НАТО во Букурешт, претседателот на САД Џорџ Буш во Романскиот парламент изјави: “утре ќе бидат поканети три држави да станат членки на НАТО -,Хрватска, Албанија и Македонија”.

2. Македонија под водство на таа влада цели 9 години по ред добиваше позитивна препорака од европската комисија (ЕК) упатена до европскиот совет(ЕС) за почеток на преговорите, укажувајќи дека со направените реформи и напредок земјата е веќе спремна да ги започне преговорите за полноправно членство, а сличен наратив беше користен и за членството во НАТО.

И покрај се, тоа исто така беше блокирано од Грција. Денес СДСМ нема никакви критики кон Грција, туку виновен сум им јас, што сум водел влада која сѐ што треба направила како и секоја друга земја за да ги започне преговорите за членство во ЕУ и НАТО, освен што одбила да прифати нешто што ниту една друга држава на светот ниту прифатила, ниту некој и барал од неа, ниту би прифатила;

3. Таа влада што според СДСМ смислувала заговори и непријатели, за рекордно време ги исполни условите и доби визна либерализација во 2009 година, нешто што СДСМ претходно не беше способна да го направи одкако постои; Граѓаните можеби подзаборавија колку беа изолирани претходно со визите додека владееше СДСМ. Е тоа беше изолација.

4. Таа влада предводена од мене како премиер потпиша декларација за стратешко партнерство со САД во Вашингтон во 2008 година и тоа беше направено без никакви жртвување на националните интереси и недостоинствено однесување…;

8. Таа влада имаше способност и умешност да соработува со сите, да ги зајакнува веќе создадените сојузништва но и да гради нови, без да се понижува истовремено, без да гази по сопствената историја, минато и чест, без да ги обвинува пред другите земји политичките конкуренти во Македонија. Соработката и покрај нерешеното прашање со Грција беше мошне силна и со своите сојузници во ЕУ, САД и НАТО, како и со многу други значајни држави во светот.

9. Таа влада со која сега СДСМ се обидува да се подбива, со години, до почетокот на какпањата за нејзина смена, добиваше највисоки признанија за напредокот, реформите, промените кон подобро, решавањето на проблемите, во повеќето области од страна на ЕУ,

10. Во времето на таа влада Бугарија не помислуваше да ја блокира Македонија за членстовото во ЕУ и имавме редовни средби и дијалог со нив и со сите соседи, освен Грција, која држеше одредена дистанца, но со чии премиери имав можеби повеќе средби од средбите на Заев и на Ковачевски заедно, во обид да најдам решение за деблокада на членството во НАТО и ЕУ.

Проблемите и влошувањето на нашите позиции почнаа кога се појави Заев и почна да пушта јасни сигнали на негова подготвеност за капитулација доколку му биде овозможено да стане премиер.

11. И конечно таа влада која смислувала непријатели и заговори и која свесно ја изолирала земјата ги постигна најголемите компаративни успеси на меѓународен еконосмки план признати од Светската банка, ММФ, ЕБРД и други.

Земјата се искачи до 64. место по перцепција на корупцијата, за разлика од сега кога е падната многу пониско од 100. место. И тоа не е без причина.

Во периодот додека ја предводев владата како премиер, по 20 години агонија, затворање фабрики и отпуштање работници, народот прв пат виде дека може да почне и циклус на отворање фабрики и носење на странски директни инвеститори од многу држави, а најмногу доаѓаа од САД и ЕУ. Тоа предизвика нови вработувања, па бројот на вработени во мандатот нарасна за неверојатни 182 илјади лица. Денес веќе не расте бројот на вработени. Опаѓа.

Достигнувањата, активностите, напорот и посветеноста на таа влада, сегашните предводници на власта во овие над шест години неможат да ја достигнат дури и ако уште еднаш се родат, со овој потенцијал, капацитет и одговорност кои ги имаат.

Република Македонија наспроти малата големина и економска сила беше високо суверена држава, почитувана заради успесите, реформите и напредокот кои делумно ги набројав и во голема мерка рамноправен играч со многу посилни од себе.

Денешнава Северна Македонија предвидена од овие неспособни е “смешка” , “мајтап” “трагикомедија”, “карикатура”… во однос на тоа што беше во тој период.

Како и да е, историјата и идните генерации ќе знаат да направат добра разлика помеѓу делата, напредокот и држењето до сувереноста на едните и неодговорноста и безсмислата на другите.