(ФОТО) Објавени првите фотки од тунелот во Идризово кој бил планиран за бегство

Попладнево експресно се рашири веста во јавноста дека во најголемиот македонски за твор Идризово е пронајде подзеемен тунел.

За истиот пред неколку моменти се огласија од МВР и притоа објавија првични фотографии:

Спречено организирано бегство од затворот Идризово, откриен тунел

Министерството за внатрешни работи, Биро за јавна безбедност, Оддел за сузбивање на организиран и сериозен кри минал во координација со Агенцијата за национална безбедност спречи организирано бегство од Казнено поправниот дом Идризово.

Имено, Министерството за внатрешни работи по добиени кри миналистички сознанија дека група од најмалку 8 осудени лица кои издржуваат казна зат вор во КПД Идризово, осудени за сериозни кри вични дела со определени казни од 10 години до доживотен зат вор,

подготвуваат бегство од затворот со копање на тунел, спроведе крим иналистичко оперативни активности на проверка на информациите по што истите ги сподели со Управата за извршување на санкциите.