(ФОТО) Од селско девојче до ѕвезда – исплива стара слика од познатата пејачка

Пејачката Александра Пријовиќ е во центарот на вниманието поради нејзините концерти во Арена, распродадените концерти во Ниш и Загреб

Пријовиќ, која неодамна одржа концерти за паметење во три вечери во белградска арена, неодамна откри дека и петата Арена во Загреб била ставена на продажба, но и дека за еден ден ги распродала билетите за Чаир.

Поради преголемиот интерес за нејзините концерти, на социјалните мрежи владее лудило за слики од почетокот на нејзината кариера.

Сите гледаат како изгледала кога се пријавила на музичкиот натпревар „Ѕвезда Гранда“, коментирајќи го нејзиниот изглед пред интервенциите што ги правела на лицето и телото, а сега особено една слика им привлече око на твитерџиите.

На сликата Александра се гледа во мини фустан, во својата соба, насмеана и позира пред фотоапаратот без трошка шминка.

Следбениците го забележале секој детаљ, дури и дека и се штрчиле прерамките од розовиот градник, но и дека климата е приклучена на струја преку приклучокот за светло.Погледнете како изгледала пејачката претходно: