(ФОТО) Протекоа снимки – ова е кампот на Вагнер во Белорусија: Еве во какви услови живеат

На социјалните мрежи се објавени фотографии на кои наводно е прикажан воен камп во Белорусија каде наводно се сместени платеници од групата Вагнер на Евгениј Пригожин, објави независниот руски медиум Сирена.

Сирена пишува дека камповите се градат во областа Асиповичи, во централниот дел на Белорусија и во југозападниот дел на регионот Махилив.

Објавените фотографии се направени од локален жител. На фотографиите се прикажани шатори со дрвени кревети и подови.

Белоруската воена мониторинг група Белоруски Хајун објави дека изброила околу 298 шатори на сателитските снимки од кампот и дека секој шатор може да собере до 30 луѓе.

Со оглед на фактот дека некои од шаторите имаат комунални намени, можеме да кажеме дека кампот може да прими околу 8.000 луѓе“, пишува белоруски Хајун.

Во вторникот, белорускиот претседател Александар Лукашенко рече дека Белорусија не гради кампови за Вагнер, но ќе помогне со сместување доколку е потребно.

„Сè уште не градиме кампови. Но, ако сакаат, ќе ги сместиме. Поставете шатори ако сакате. Но, засега тие се во Луганск во нивните кампови. Им понудивме еден од напуштените кампови. Добредојдени се , оградата е таму, се е на свое место.Поставете ги шаторите.Ќе им помогнеме колку што можеме додека не одлучат што да прават, рече Лукашенко.