(ФОТО) Раде Штекли откако преживеа два атентати реши да замине од Македонија

Раде Трајковски – Штекли како што е познато во краток период успеа да преживее два атентати врз него.

Во првиот обид иако беше пукано, остана непогоден, но на 24 октомври повторно во Ист Гејт Мол беше пукано на него и негов пријател при што беа ранети.

Штекли успешно заздравеа и веќе објавуваше фотографии од болница и раните, а кон крајот на минатиот месец излезе од болница.

Ако се види неговиот профил на инстаграм може да се забележи дека Штекли веднаш заминал од Македонија.

Поточно се наоѓа во соседна Србија во Белград каде споделува фотографии од ресторани.