(ФОТО) Сакал да полета од Скопје за Швајцарија „полн како брод“, ама Царината го фати и објави што му заплени

Општо познато е дека голем број Македонци живеат и работата во Швајцарија, една од омилените држави на нашинците. Таму се селат пред се водени од желбата за подобар живот и секако од финансиски аспект.

Швајцарија и парите секако одат во иста реченица, а тоа важи и за еден патник кој од Скопје тргнал за Цирих, но со недозволен товар.

Царинската управа попладневно излезе со соопштение до јавноста за кое што информираше:

Царинските службеници од ЦИ Аеродром спречија обид за нелегален износ на непријавени девизи во висина од 90 илјади евра на Меѓународен аеродром Скопје, по извршена контрола на патник кој патувал на релација Скопје – Цирих.

➡Патникот со себе носел 100 илјади евра, при што согласно Законот за девизно работење вратени му се 10 илјади евра, а останатите кои не биле пријавени и за кои не поседувал документ се привремено задржани.