(ФОТО) Сите збoруваа за КАТО системот – еве како изгледа и каде се наоѓа сега

Деновиве сите гласно зборуваат за скандалот на клиниката за Онкологија како и електронскиот систем „КАТО“ кој спречува кражба. Како што е познато истио не функционира, а новинарката Мирослава Симоновска сподели објава на својот фејсбук профил.

Освен напишаното, постираше и фотографии од истиот и покажа како изгледа.

Зарем не се радувате што системот за спречување кражби на цитостатици не е во подрум, туку е под клуч? Зарем не сте среќни што сега, после 6 години откако го инсталирале и откако ги обучиле сестрите да го работат, па го забутале да им фаќа прашина, ќе испитуваат дали им се исплати?

А ако не им се исплати, ќе купеле нов. Опаа, нови тендери, само јако, само жустро. Нов директор нов тендер, нов систем.

Граѓаните плаќаат. Нема да ме зачуди да има еден систем за следење кражби и дози од ВМРО, еден од СДСМ, еден од ДУИ, еден од Алијанса и еден од Алтернатива. Јадна Македонија.

Прво купуваш, инсталираш, па после правиш финансиска анализа дали ти се исплати. Тоа е таа економија. Па тоа живи радости кога соопштија дека сестрава крадачка била отпуштена од работа.

Некои луѓе навикнати на системов, очекувале уште да ја чуваат таму на работа. Јаооо какво достигнување. Ни нема спас нас.