(ФОТО) Сопругата и ќерката на Зоран Заев отпатуваа за Германија: Зорица и Алескандра се пофалија што правеа таму

Иако веќе не е на некоја истакната политичка функција, Зоран Заев кој е македонски економист, стопанственик и политичар се уште е актуелен.

За потсетубање тој беше премиер на Македонија од 31 август 2020 година до 16 јануари 2022 година, а претходно од 1 јуни 2017 година до 3 јануари 2020 година.

Пред се поради политичкиот ангажман на екс премиерот Зоран Заев неговата фамилија, како и за секоја позната и јавна личност стана предмет на интерес.

За воља на вистината како Заев, така и неговата сопруга и деца добро се носат со тоа, па често и самите споделуваат на социјалните мрежи фотографии.

Неговата ќерка Александра постојано е во движење и многу често патува, а убавините кои ги посетува ги споделува на социјалните мрежи.

Овојпат Александра на патување беше со својата мајка Зорица, а дестинацијата беше Германија поточно Франкфурт.

Причината за ова патување беше концертот на стадионот во Франкфурт на познатата светска пејачка Бјонсе.