(ФОТО) Спенџарска ја отвори сметката за струја и се шокираше

Без сомнение Јелена Спенџарска е една од највпечатливите и најпрепознатливи ТВ лица во Македонија која е повеќе од една деценија во медиумскиот простор.

Уште повеќе знае да привлече внимание со нејзиниот модерен, но истовремено префинет стил, а неретко знае и да си поигра со смелите комбинации во повеќе бои.

Изминатиов период ја немаме можноста да ја гледаме секојдневно во утринските емисии, само понекогаш, но тоа е затоа што Спенџарска се пресели кај својот партнер во Солун и во Скопје доаѓа по потреба.

Овојпат објави пост на кој се снима како реагира додека ја отвора сметката за електрична енергија и притоа од реакцијата може да се види дека е шокирана.

Спенџарска притоа напиша – Извини мамо, дали може да се вратам дома