(ФОТО) Србите пренесуваат: Цеца запеа на свадбата на македонскиот тајкун

Светлана Цеца Ражнатовиќ е специјална музичка гостинка на гала свадба во Македонија.

Светскиот џет сет се собра во Скопје на забава на која фолк ѕвездата имаше свој репертоар. Цеца особено воодушеви кога го отпеа хитот Македонско девојче.

Инаку, таткото на младоженецот сакал венчавката да се одржи во Македонија, иако младенците живеат во Монако, пренесува српски Блиц.рс.

Поточно станува збор за свадбата на синот на Сашко Мијалков, Јордан која што се одржа синоќе во хотелот Мериот во Скопје.