(ФОТО) Ставени се темелите – Игор Џамбазов се пофали дека гради нова куќа

Игор Џамбазов со години важи за еден од најпознатите Македонци на јавната сцена, човек со многу професии.

Џамбазов знае да привлече често внимание, а она што го кажува со внимание го слушаат.

Тој со оправдание го носи епитетот на еден од најдобрите и најпознати Македонци, човек со неколку професии кој нема кој не го знае.

Како што е познато во последните неколку години Џамбазов живее во Дојран кој му стана како дом, а овојпат се реши да оди уште еден чекор напред.

Имено викендов и убавото време го искористи да стави темели на својата нова куќа која ја гради во Дојран.

Од она што може да се забележи од фотографијата е дека истата се наоѓа високо и е со поглед на дојранското езеро.