(ФОТО) Стефан Богоев се пофали со ново куче и тоа не било какво

Поранешниот пратеник и воедно Градоначалник на Општина Карпош, Стефан Богоев од неодмана има нова функција.

Имено Богоев беше назначе за прв човек на Царинската управа каде што веднаш се зафати за работа, па пред некој ден се пофали:

Запознајте ги Бен, Рекс, Били и нивниот нов пријател Бади, верните соработници на царинските службеници во борбата против нелегалната трговија со наркотици, оружје и пари.

К-9 единицата на Царинската управа располага со кучиња од расата шпрингер шпаниел и новото куче од расата лабрадор.

Овие кучиња трагачи учествуваат во повеќе откривачки акции и речиси 90 % од акциите се успешно реализирани.