(ФОТО) Стојанче Ангелов експресно се огласи по најавите дека ќе се руши крстот на Попова Шапка

Ќе се отстранува крстот на Попова Шапка, најави првиот човек на Општинскиот инспекторат во општина Тетово Садат Сулејмани.

Тој вели дека има одлука да го урне крстот заедно со 5.000 други објекти, без да прецизира кога точно.

„За крстот има одлука за уривање. Кога ќе се отстрани? Во Тетово има над 5.000 решенија за уривање. Гледате дека се трудиме да работиме. Кога ќе дојде време, ќе го направиме тоа“, вели Садат Сулејмани.

Експресно се огласи поранешниот генерал, а сегашен прв човек на ЦУК, Стојанче Ангелов кој по овие написи порача: – Крстот нема да падне.