(ФОТО) Страшна автобуска несреќа во близина на Евзони- има починати и многу повредени

Грчкиот весник eidisis.gr, пренесува дека утрово, недела наутро, на 521-от километар од ПАТЕ, во близина на Евзони нт се случила сообраќајна несреќа во која учествувал туристички автобус со српски таблички.

Сообраќајната несреќа се случила кога автобус со 78 патници се судрил со два автомобили.

Автобусот и уште едно од двете возила паднале во канал по верижен судар меѓу автобусот и автомобилот. Како што објави локалниот сајт eidisis.gr, 25 се повредени, додека 8 од нив се пренесени во болница.

Се наведува дека има загинати во едно од возилата, од кое со тешки телесни повреди се здобил неколку сопатници.
Според противпожарната служба, 3 лица кои биле во возилата биле извлечени во бессознание.

Повредени се уште двајца патници во другиот втомобилите, како и сите патници во двокатниот автобус.

Противпожарната единица која била на терен со 6 пожарникари и две возилс псе обидела од едно возило да извлече 2 лица кои биле извлечени во бессознание.

ЕКАБ објави за 42 повредени, од кои еден е интубиран. ЕКАВ соопшти дека има 40 повредени возрасни лица, од кои едно е интубирано,а меѓу повфрдените се о две деца на возраст од 6 и 9 години.

Повредените се префрлени во болницата во Кукуш, додека повредениот кој морал да се интубира е префрлен во Хипократ.