(ФОТО) Страшно невреме го погоди Кочани: Паднати дрва и бандери, препречени улици и оштетени возила

Иако веќе сме во летниот период, времето никако да се стабилизира, па попладнево Македонија одновно беше зафатена со силно невреме.

Откако истото прво го зафати главниот град Скопје, потоа се пресели на истокот од државата каде што направи сериозни проблеми.

На удар беше Кочани каде што силен ветер, проследен со електрични празнења и пороен дожд за кратко време направи доста проблеми.

Граѓаните на социјалните мрежи веќе објавуваат проблеми со препречени улици поради паднати дрвја, бандери, како и оштетени автомобили.